Во јануари би можеле да видиме промени на „Енфилд“.
Дивок Ориги и оваа сезона е џокер на Јирген Клоп. Постигна Ориги некои важни голови за победа, но на поголема минутажа не може да смета со оглед на тоа дека Ливерпул го има триото Салах – Мане – Жота.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега интерес за Ориги покажал германски Волфсбург. Прашање е дали Клоп сака да го пушти својот напаѓач со оглед дека е важно да имате добро освежување од клупата, меѓутоа Ориги сака да игра повеќе.
Во Волфсбург секако ќе добие повеќе простор за игра, но клупските амбиции сигурно нема да бидат исти. Јануари е блиску, па останува да видиме што ќе се случува.