Новиот член на Премиер лигата, Волвс има високи амбиции за наредната сезона, а за исполнување на целта ќе бидат потребни и адекватни засилувања.
Според пишувањата на британските медиуми, Волвс се на чекор од донесување на Мангала, францускиот дефанзивец кој би требало да биде првото засилување на овој клуб за предстојната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мангала во 2014. година пристигна во Манчестер Сити за 30.5 милиони евра, но на Етихад никогаш не успеа да се избори за поголема минутажа. Замина на позајмица во Валенсија и Евертон, а според последните шпекулации веројатно и следната сезона ќе ја помине во ПЛ.
Бидејќи 27. годишниот штопер на лето ќе биде слободен играч, Волвс изрази спремност да ги задоволи барањата на Мангала за платата, а кога се земе во предвид дека го застапува Хорхе Мендес кој има одлични врски со овој клуб, нема да биде никакво изненадување доколку овој трансфер стане реалност.