Данската тенисерка Каролине Возњацки се пласира во финалето на Австралија Опен откако беше подобра од Елисе Мертенс со 2:0 во сетови.
Каролине во првиот сет беше многу подобар противник, доминираше со добар сервис за што противничката беше приморана на дефанзива. Данската тенисерка до брејк дојде во четвртиот гејм за водство од 3:1, меѓутоа веќе во следниот гејм Елисе имаше прилика да се реваншира кога имаше една брејк топка, но тоа не успеа да го направи, па Возњацки дојде до победа во сетот со 6:3 за 40 минути игра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вториот сет беше доста возбудлив. После голема борба и 6:6 се играше тај-брејк во кој пресуди искуството на Возњацки, која славеше со 7:2.
Возњацки така дојде до своето прво финале на Австралија Опен, каде сега го чека својот противник од вториот полуфинален натпревар во кој се среќаваат Симона Халеп и Анџелика Кербер.
??? @CaroWozniacki#AusOpen pic.twitter.com/kXOg4ZyAzd
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 25, 2018