Дома Фудбал Вознемирувачко: Страшна повреда на фудбалер, веднаш е пренесен во болница

Вознемирувачко: Страшна повреда на фудбалер, веднаш е пренесен во болница

Во 10. коло од романскиот шампионат, на натпреварот помеѓу Петролул и Херманштад, на еден фудбалер му се случи страшна повреда.

Натпреварот заврши без голови, а го одбележа и повредата на Драгос Ианку, фудбалерот на гостинската екипа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во 6. минута прв стигна до топката, но противничкиот играч со лизгачки старт го фаулираше. Ианку веднаш падна и се фати за главата откако виде дека му е скршена ногата.

На теренот владееше молк, играчите на двата тима се фатија за глава, а Тику се расплака кога го напушти теренот откако доби црвен картон.

Повредениот играч веднаш бил пренесен во болница и опериран, и ќе биде надвор од терените долго време.

Напомена: Видеото е со вознемирувачка содржина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Крај на златната ера“: Еве кого го гледаат како наследник на Модриќ

Хрватската фудбалска репрезентација ќе игра во таканаречената „група на смртта“ во Лигата …