Новата потрага која започна со собраните средства од фудбалскиот свет (300.000 евра) вроди со плод, авионот со кој леташе Емилијано Сала беше пронајден под вода.
Човекот кој ја предводеше потрагата, Дејвид Мернс побара од властите да започнат со извлекување на авионот од дното.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес стигна одговорот и од спасувачките служби, тие потврдија дека ќе го извлечат авионот кога условите ќе им дозволуваат.
„Во овие моменти работиме со подморницата и го истражуваме теренот. Сега не можеме да ви дадеме точен одговор кога авионот ќе биде извлечен“, соопштија од службите.
Нема сомневање дека извлекувањето на авионот и прегледувањето на остатоците ќе даде дополнителни одговори што се случувало, па поради тоа и е толку важно.