Марк Маркез продолжува да испишува историја откако победи во Австралија, после возбудлива трка која се реши на самиот финиш.
Маркез така стигна до петтата победа по ред, односно 11-та сезонава, откако во последниот круг успеа да го премине Маверик Вињалес, кој падна од својот мотор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вињалес на крајот не успеа да ја заврши трката, откако направи голема грешка и ја загуби првата позиција, па на подиумот се искачија уште и Кал Крачлоу и Џек Милер, додека Валентино Роси беше осми на крајот.
Маркез беше бавен во првиот дел од трката, но потоа во финишот стигна до 81-та победа во кариерата.
Во генералниот пласман убедливо води Маркес со 375 поени пред Андреа Довициозо со 240. Во екипна конкуренција лидер е Хонда со 381 поен, Дукати има 286, додека Јамаха 276.