Дербито на 3. коло помеѓу Јувентус и Наполи синоќа не е одиграно откако гостите од Наполи поради појава на корона вирус во тимот не допатуваа во Торино.
Фудбалерите на Јувентус се појавија на Алијанц арената, беше најавен и почетниот состав, а како што стојат работите веројатно Старата дама ќе го добие натпреварот со службени 3:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот човек на Наполи, Де Лаурентис побара од Јувентус да се солидализира со неговата екипа, но неговиот повик беше залуден, па навивачите на Наполи незадоволството го искажаа преку транспарент на својот стадион.
„Вистинскиот вирус е Јувентус. Дезинфекција на Торино.“ – пишуваше на транспарентот.