Дома Останати Тенис Вимблдон: Серена во следната рунда, Венус елиминирана

Вимблдон: Серена во следната рунда, Венус елиминирана

Серена Вилијамс се пласираше во осминафиналето на Вимблдон.

Тенисерката која своевремено доминираше во светскиот тенес денес со 2:0 во сетови ја совлада Кристина Младановиќ (7:5, 7:6) и така се пласираше во следното коло.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Таму ја чека Евгенија Роднина која направи големо изненадување со победата над Мадисон Кејс со 2:1 и во овој меч Серена ќе биде фаворит за победа.

Постарата сестра Вилијамс, Венус го заврши својот настап на Вимблдон. Таа денес беше поразена од холандската тенисерка Кики Бертенс со 2:1 во сетови (6:2, 6:7, 7:6).

Пласман во осминафиналето обезбеди и Хрватката Дона Векиќ која со 2:0 во сетови (7:6 и 6:1) ја совлада Јанина Викмајер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се надева на нова титула – ќе биде четврти носител на Австралија Опен

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ пристигнува на Австралија Опен како четврти носите…