Крилниот фудбалер одби да стане најплатениот фудбалер на Кристал Палас.
Дека цените на фудбалерите се „напумпани до небо“ стана јасно во моментот кога Нејмар направи трансфер во Пари Сен Жермен за сума од 222 милиони евра, но дека клубовите ќе отидат до толку далеку ретко кој очекуваше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со сета почит кон Кристал Палас и неговата историја, како и тренерските квалитетите на Рој Хоџсон, неверојатно изгледа информацијата која утрово се појави на Островот, а тоа дека овој клуб го својот играч Вилфред Заха го проценува на – 78 милиони евра!?!
Што е најинтересно, можеби ќе се најде клуб кој и ќе ја плати оваа сума!
Англиските медиуми тврдат дека Евертон и Тотенхем се сериозно заинтересирани да започнат преговори за доведување на Заха, како и дека се спремни да вклучат свои играчи за да ја намалат цената.
Евертон би можел да го понуди Јаник Боласи кој има вредност од околу 20 милиони евра, а останатиот дел би го покриле парично. Како и Евертон и Тотенхем има што да понуди, наводно тие размислуваат покрај парите во спротивен правец да го испратат Муса Сисоко.
На Заха наводно му се допаѓа идејата да премине во Тотенхем, поради тоа и одби 125 фунти неделно од Кристал Палас со што би станал убедливо најплатен во тимот.