Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Видете го шеширите за ЕУРО, една група е веќе позната!

Видете го шеширите за ЕУРО, една група е веќе позната!

Со вчерашните натпревари заврши овој циклус квалификации за Европското првенство.

Познати се 20-те патници на ЕУРО, додека последните четири селекции преку Лига нации во март 2020 ќе ги комплетираат учесниците.

Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


Македонија се уште имаме шанси да бидеме дел од Европското првенство во 2020 година и тоа преку Лигата на Нации каде што во март ќе играме бараж против Косово.

Ова се селекциите кои преку квалификациите си ја завршија работата и обезбедија место на собирот на најдобрите европски селекции наредното лето: Австрија, Белгија, Данска, Англија, Германија, Италија, Португалија, Русија, Швајцарија, Турција, Чешка, Хрватска, Финска, Франција, Холандија, Полска, Шпанија, Шведска, Украина и Велс.

Ждрепката за ЕП е закажана за 30 ноември, познати се шеширите, а со оглед на фактиот дека ќе биде полудиригирана, веќе е позната една група.

Тоа е групата Б каде се сместени Белгија, Русија, Данска, додека ждрепката треба да одлучи дали Финска или Велс ќе биде последниот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Лозана не е пресилна: Вардар вечерва оди по трето коло квалификациите за Конференциската лига!

Екипата на Вардар вечерва (20:15 часот) го игра реваншот против швајцарската Лозана во рам…