Минесота после 14 години обезбеди плејоф во Западната конференција, откако славеше над директниот конкурент Денвер со 112-106.
Кај победничкиот тим најефикасен беше Џими Батлер кој постигна 31 поен и по 14 години го однесе тимот во разигрувањето за НБА титулата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во поразениот Денвер, најдобар поединец беше српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој иако беше најефикасен на натпреварот со постигнати 35 поени и 10 скокови, сепак на крајот не успеа да му донесе плеј-оф на неговиот тим.
По завршувањето на синоќешните натпревари познати се сите плејоф дуели во Истокот и Западот.
This is going to be fun. pic.twitter.com/MXGT9Dbwcs
— ESPN (@espn) April 12, 2018