Дома Фудбал Останато Видео: Челзи ја победи Барса, бледо деби на Гризман!

Видео: Челзи ја победи Барса, бледо деби на Гризман!

Тимот на Челзи славеше со 2:1 против Барселона во пријателски меч одигран во Јапонија.

Ова е прва голема победа за Френк Лампард, која сигурно ќе ја крене самодовербата на целиот тим, иако треба да се напомене дека Каталонците играа без Меси, Суарез и Кутињо.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Антоан Гризман беше стартер за шпанскиот шампион, додека Френки де Јонг дебитираше во второто полувреме. Меѓутоа, најскапото засилување на Каталонците одигра „бледи“ 45 минути.

Челзи го отвори резултатот во 35-та минута преку Абрахим, а Рос Баркли зголеми на 2:0 во 81-та минута.

Во последната минута од мечот Ракитиќ со прекрасен гол намали на 2:1, што беше и конечен резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…