Тимот на Челзи славеше со 2:1 против Барселона во пријателски меч одигран во Јапонија.
Ова е прва голема победа за Френк Лампард, која сигурно ќе ја крене самодовербата на целиот тим, иако треба да се напомене дека Каталонците играа без Меси, Суарез и Кутињо.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Антоан Гризман беше стартер за шпанскиот шампион, додека Френки де Јонг дебитираше во второто полувреме. Меѓутоа, најскапото засилување на Каталонците одигра „бледи“ 45 минути.
Челзи го отвори резултатот во 35-та минута преку Абрахим, а Рос Баркли зголеми на 2:0 во 81-та минута.
Во последната минута од мечот Ракитиќ со прекрасен гол намали на 2:1, што беше и конечен резултат.