Брилијантната форма на Халанд оваа сезона беше потврдена во четвртокот со историскиот подвиг во норвешката репрезентација. Тој постигна два гола за домашна победа од 3:0 над Словенија во Лигата на нации. Така во само 36. настап за репрезентацијата постигна дури 34 гола и стана најдобар стрелец во историјата на норвешката репрезентација.
Три дена подоцна, Халанд ја предводеше Норвешка против Австрија и имаше голема шанса да ги доведе гостите во предност во 6-тата минута. Добро ја прими топката и шутираше меѓу двајца противници на работ од шеснаесетникот. Голманот беше совладан, но топката заврши во стативата. Видеото можете да го погледнете ТУКА.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И додека сите го гледаа и чекаа Халанд, го дочекаа 11-години постариот ас на домашниот тим. Марко Арнаутовиќ, рекордерот по бројот на настапи за Австрија (120), со двата гола против Норвешка стигна до вкупно 39 и се доближи на второто место на голгетерскиот рекордер Тони Полстер (47).
Арнаутовиќ погоди против Норвешка за 1:0 и 2:1, но првиот гол е прекрасен и можете да го погледнете ТУКА
По четири кола во оваа група, драматично е во групата Лига Б од Лигата на нации бидејќи Норвешка, Австрија и Словенија сега имаат по седум бода.
На крајот првопласираната репрезентација ќе избори пласман во елитната А Лига на нации. Вицешампионот оди во плеј-офот за повисок ранг. Селекцијата на третото место оди во баражот за опстанок во овој ранг, додека четвртиот ќе испадне во третата, Ц лига.