Фиорентина во седмото коло од Серија А на домашен терен го победи Милан со 2:1.
Стрелци за тимот од Фиренца беа Јакине Адли во 35. минута и Алберт Гудмундсон во 73. минута, а за гостите Кристијан Пулишиќ во 60. минута.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Натпреварот го одбележаа дури три промашени удари од белата точка.
Голманот на Милан му го одбрани пеналот на Мојс Кин во 22. минута, додека Шпанецот Давид де Геа ги запре Тео Ернандез во судиското надополнување во првото полувреме, и Тами Абрахам во 56. минута.
Тренерот на Милан, Пауло Фонсека беше бесен на своите играчи, кои одлучија Ернандез и Абрахам да шутираат од белата точка наместо Пулишиќ, кој вообичаено изведува удари од белата точка.
„Секако дека сум бесен што го сменија изведувачот, Пулишиќ треба да го изведе пеналот. Им кажав на играчите дека тоа никогаш повеќе не треба да се повтори, не знам што им се случи“, изјави Фонсека, кој ја презеде оваа функција од Милан летово и на девет натпревари запиша три победи, две нерешени и четири порази.