Дома Останати Кошарка Видео: Српска вечер во НБА, Теодосиќ до личен рекорд, Јокиќ одличен – Хјустон загуби Харден постигна 51 поен!

Видео: Српска вечер во НБА, Теодосиќ до личен рекорд, Јокиќ одличен – Хјустон загуби Харден постигна 51 поен!

harden

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа 12 натпревари.

Ла Лејкерси го совладаа Феникс. Во овој натпревар српскиот кошаркар Милош Теодосиќ постави свој личен рекорд  со осум асистенции во официјалните натпревари. За 27 минути поминати на паркетот Теодосиќ постигна шест поени, запиша пет скока и осум пати асисстираше. Најефикасен кај Лејкерси беше Риверс со 21 поени, Лу Вилијамс додаде 18, додека кај Феникс Ворен постигна 22 поени.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Сакраменто врза две победи во низа и тоа на две гостувања. Во оваа победа значајна улога одигра и Богдан Богдановиќ кој постигна 33 поени, уфрли 14 поени, запиша 3 скока и 2 асистенции. Најефикасен во неговиот тим беше Хил со 22 поени, Рендолф додаде 21 поени, додека Коли-Стајн уфрли 13 поени, во редовите на Бруклин Динвиди постигна 16, а Керол 15 поени.

Деневер беше порзен, но и тука Србин имаше одлична вечер. Никола Јокиќ за 22 минути поминати на паркетот постигна 22 поени, имаше 6 скокови, 4 асистенции и 2 блокади, но изгуби и дури 10 топки. Најефикасен во редовите Наџентси беше Мареј со 30 поени, додека на другата страна Таунс и Батлер постигнаа по 25 поени.

Лос Анџелес Лејкерси како гостин славеше со 122:116 против Хјустон. После првата четвртина, Лејкерси имаа 15 поени предност, но тоа водство до полумвремето беше намалено само на четири поени. Сепак, гостите до крајот останаа на висина на задачата. Кајл Кузма ги предводеше Лејкерси со 38 поени, а Кори Бруер додаде 21 поен.

На другата страна Џејмс Харден постигна 51 поен, запиша три скока и девет асистенции.

НБА резулати

Шарлот – Торонто 111:129

Атланта – Индијана 95:105

Бостон – Мајами 89:90

Бруклин – Сакраменто 99:104

Хјустон – Лос Анџелес Лејкерси 116:122

Оклахома – Јута  107:93

Далас – Детроит 110:93

Денвер – Минесота 104:112

Портланд – Сан Антонио 91:93

Голден Стејт – Мемфис 97:84

Лос Анџелес Клиперс – Феникс 108:95

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Тага во кошаркарскиот свет: Почина Дикембе Мутомбо

Една од најголемите кошаркарски легенди на НБА, Дикембе Мутомбо почина денес на 58-годишна…