Луис Хамилтон триумфираше на денешната трака за големата награда за Азербејџан, откако имаше многу среќа во последните кругови.
Ветел стартуваше прв денес, а позади него Хамилтон. Најголемата лудница и најважните моменти на траката се случија пред самиот крај.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Десетина кругови пред крајот се случи инцидент помеѓу возачите на Ред Бул, Рикардо и Верстапен поради кој двајцата ја завршија трката. Тогаш на стазата влезе безбедносното возило, а потоа започна лудница.
Well…And then this happend.#F1 #AzerbaijanGP pic.twitter.com/dXmYVmZuk5
— NicoleNinaF1 (@NicoleNinaF1) April 29, 2018
Фетел направи огромна грешка и се обиде да го претекне Ботас, но излета од стазата и загуби четири позиции. Целата ситуација ја искористи Хамилтон, и ја запиша воведната победа во новата сезона.