Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Спектакуларен пресврт на Јунајтед, Реал и Сити без милост!

Видео: Спектакуларен пресврт на Јунајтед, Реал и Сити без милост!

Манчестер Јунајтед забележа голема победа на гостувањето во Торино, фаворитите без проблем до три бода.

Јувентус и Манчестер Јунајтед одиграа одличен натпревар кој го оправда епитетот дерби. „Бјанонерите“ беа подобар противник во текот на целиот меч, но на крајот се радуваа „ѓаволите“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во првото полувреме мрежите мируваа, а резултатот го отвори Роналдо со прекрасен гол во 65-та минута. Јувентус имаше неколку зрели шанси да го зголеми водството, а казната стигна во 86-та минута кога Мата постигна фантастичен гол од слободен удар.

Само четири минути подоцна во 90-та минута, после еден слободен удар настана мешаница во шеснаесетникот и Алекс Сандро ја смести топката во сопствената мрежа за голема победа на Мурињо и дружината.

Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид немаа милост и победија со 5:0 против Шахтјор и Плзен, додека Баерн Минхен со два гола ги испрати дома АЕК.

Уште еден возбудлив меч одиграа Лион и Хофенхајм кој заврши без победник 2:2 иако домаќините имаа два гола предност и играч повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ВИДЕО Погледнете го голот на Атлетико во 95 минута и ерупција на Ванда Метрополитано

Атлетико и Реал Мадрид одиграа 1:1 во хаотичното дерби од 8. коло на Ла Лига по прекин на …