Дома Фудбал ВИДЕО: Спектакуларен гол на Чуамени за делириум на Паркот на принцовите

ВИДЕО: Спектакуларен гол на Чуамени за делириум на Паркот на принцовите

Франција со победата над Ирска (2:0) во петтото коло од евроквалификациите ја продолжи перфектната серија во групата и практично се пласираше на натпреварувањето кое следната година ќе се одржи во Германија.

Чуамени го направи потегот на натпреварот, а можеби и на целата квалификациска ноќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Младиот (23) ас на Реал, кој минатото лето го купи од Монако за 80 милиони евра, е дефанзивен играч за врска чија специјалност не е постигнување голови. Впрочем, до овој натпревар, тој постигна само девет во кариерата.

Но затоа десеттиот е незаборавен. Во 19. минута Килијан Мбапе од левата страна упати кратко додавање до него.

Чуамени со директен шут испрати проектил од 20 метри и заврши во десната мала мрежа на Гавин Базуму. Со овој гол Чуамени го фрли во делириум цел стадион. Конечниот резултат го постави Маркус Турам во 48. минута.

Голот на Чуамени погледнете го ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германецот сака само во Реал, неговиот клуб одреди цена од 50 милиони евра!

Капитенот на Борусија Дортмунд Нико Шлотербек ја донесе својата одлука – ако ја напу…