Дома Актуелно ВИДЕО: Сергеј погоди и заплака, Лацио ја прекина црната серија

ВИДЕО: Сергеј погоди и заплака, Лацио ја прекина црната серија

lazio

Лацио денес успеа да го совлада Каљари во првиот натпревар од ова коло во Серија А.

Небесно сините во натпреварот од 17-тото коло славеа против Каљари со 3:1 и така ја прекинаа серијата од месец ипол без победа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Лацио од самиот старт воспостави доминација на теренот, а до водство стигнаа во 12-тата минута од средбата.

Тогаш конечно проработи Сергеј Милинковиќ Савиќ кој ја дочека одбиената топка и погоди за 1:0. После голот Сергеј и заплака.

Лацио не се задржа тука.

Ачерби во 23-тата минута погодува за 2:0. Тоа беше и резултатот со кој се замина на полувремето.

Во вториот дел видовме два погодоци, по еден и на двете страни за конечни 3:1. Лулиќ стрелаше за Лацио, додека почеснот гол за Каљари беше дело на Жоао Педро од пенал во третата минута од судиското продолжение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Ѓоковиќ го прашаа на кој тенисер би му го доверил животот – одговорот беше изненадување! 🎥

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доби и интересно прашање на кое имаше интересен о…