Легендите на Реал Мадрид и Рома одиграа хуманитарен натпревар, а најголема атракција секако беше Бразилецот Роналдо.
Иако веќе во поодминати години, старите „Галактикоси“ покажаа дека класата е вечна и дека не заборавиле да играат фудбал.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Најголеми овации доби Роналдо, кој иако има вишок килограми сепак ја воодушеви публиката на „Бернабеу“ со неколку спектакуларни потези.
Најрасположен веше Мориентес кој постигна два гола, додека потегот на натпреварот беше дело на Луис Фиго кој постигна фантастичен гол од слободен удар.
Натпреварот беше од хуманитарен карактер, собраниот приход ќе оди за помош на Африка, а заврши со резултат 4:0 за „кралевите“.