Дома Фудбал Останато Видео: Реал ги победи МЛС ѕвездите, но после пенали!

Видео: Реал ги победи МЛС ѕвездите, но после пенали!

Европскиот првак Реал Мадрид изминатата ноќ ја заврши подготвителната турнеја во САД. Реал славеше на пенали во дуелот со ол стар тимот на американската МЛС лига.

За тимот на МЛС лигата меѓу другите настапија Швајнштајгер, Кака, Џовинко, Хауард, Давид Виља, додека Зидан на терен изведе генерално млад тим предводен од капитенот Серхио Рамос.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Реал прв постигна гол, и тоа преку Мајорал, во 60-та минута. Тимот на МЛС израми во претпоследната минута преку Двајер.

Во пенал серијата за Реал беа сигурни сите изведувачи: Бензема, Бејл, Ковачиќ и Марсело, додека синот на Зидан, Лука му го одбрани ударот на Двајер, а Дос Сантос го погоди дирекот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Легендата на Тотенхем прашан дали би го преземал клубот. Еве како реагираше.

Легендата на Тотенхем, Роби Кин, критички одговори и потоа нервозно го прекина интервјуто …