Дома Фудбал Видео: Реал апсолутен рекордер во шпанскиот фудбал!

Видео: Реал апсолутен рекордер во шпанскиот фудбал!

Севиља и Реал одиграа спектакуларен натпревар на „Санчез Писхуан“, кој и покрај доминацијата на домашниот тим и големиот број на пропуштени шанси заврши 3:3.

„Кралевите“ и на 40-от натпревар во низа остана непоразен со што стана апсолутен рекордер во шпанскиот фудбал.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Севиља од 10-та минута водеше со авто голот на Данило, а до крајот на полувремето резултатот не се промени. По три минути игра во второто полувреме израмни Асенсио.

Јоветиќ, кој ден претходно пристигна во клубот, а во игра влезе во 43-та минута, дебитираше со гол во 52-та минута, а потоа Ибора во 77-та минута ја искористи лошата реакција на голманот Касиља и зголеми на 3:1.

Реал, кој на овој меч настапи во комбиниран состав, од пораз го спасија Серхио Рамос кој постигна гол од пенал во 81-та минута и Бензема кој постигна гол во 93-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо во проблеми: Рела ослабен вечерва, но и во „Ел Класико“ за викендот!

Тимот на Реал Мадрид се соочува со нови проблеми пред претстојниот натпревар против Јувент…