Селекцијата на Аргентина вчера во Мадрид беше разбиена од Шпанија со резултат 6:1.
„Гаучосите“ доживеаа вистински дебакл. Селекторот Жорге Сампаоли е на удар на жестоки критики од јавноста, но и фудбалерите кои одиграа навистина очајно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Посебно навивачите на Аргентина се разочарани од напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин. Разочарањето беше толку големо што напаѓачот беше испратен со свирежи при замената, а искусниот фудбалер на сето тоа успеа да остане мирен.
Игуаин неколку месеци не добиваше повик од Сампаоли. Претходно не беше повикуван и предност имаше напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, но сега улогите се променети.
Свирежите кои ги доби од сопствените навивачи секако се понижување за Игуаин кој за сега е прв избор на „Гаучосите“. Сепак, прашање е дали така ќе биде и на Светското првенство.
Аргентина на Мундијалот ќе игра во група со Исланд, Хрватска и Нигерија.
Во продолжение погледнете едно од промашувањата на Игуаин во вчерашниот натпревар против Шпанија.