Во терминот од 20:45 часот својот натпревар од 25 коло во италијанската Серија А својот натпревар го одиграа екипите на Џенова и Интер.
Ова веројатно беше еден од највозбудливите натпревари во Серија А, не поради бројот на голови (2:0), туку поради се што се случуваше на теренот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Прво, Македонецот Горан Пандев имаше прилика да постигне гол од и тоа од 40 метри. Пандев се обиде да нафрли, но Хандановиќ имаше лоша проценка па ова испадна и тоа како опасно по неговиот гол и топката која требаше да биде нафрлување заврши во пречката.
Goran Pandev ??? #GenoaInter pic.twitter.com/faOvbh7YSy
— Scot Munroe (@scot_munroe) February 17, 2018
Потоа во финишот од првото полувреме го видовме еден од најкомичните автоголови во Серија А оваа сезона. Откритието на сезоната, Милан Шкриниар лошо ја исфрли топката и го погоди својот соиграч Андреа Ранокија од кого топката се одби и заврши зад грбот на Хандновиќ.
Џенова на полувреме замина со предност од 1:0.
Во второто полувреме видовме уште еден погодок, исто така во мрежата на Интер. За наша радост стрелец на овој погодок беше нашиот Горан Пандев.
Да потсетиме Интер немаше победа повеќе од два месеци, таа лоша серија беше прекината со победата во минатото коло против Џенова, но овој пораз е показател дека тимот на Спалети се уште има и тоа како големи проблеми.