Шампионот и вицешампион во НБА лигата, Кливленд и Голден Стејт, забележаа порази во натпреварите кои се одиграа изминатата ноќ.
Кливленд загуби од Њу Орлеанс 122:124, во натпревар во кој шампионите имаа негатива од 20 поени по првото полувреме. Њу Орлеанс ја забележа 18-та сезонска победа, додека Кливленд има скор 30 победи и 13 порази.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Теренс Џонс и Џру Холидеј блескаа во тимот на Њу Орлеанс, Џонс оставри 36 поени и 11 скокови, а Холидеј 33 поени и 10 асистенции. Кај Кливленд само големата тројка одигра на ниво, но тоа не беше доволно тимот да го избегне проазот. Кајри Ирвинг постигна 49 поени, Леброн Џејмс оставри „трипл дабл“ од 26 поени, 10 скокови и 12 асистенции, а Кевин Лав имаше 22 поени и 16 скокови.
Голден Стејт, во неизвесна завршница загуби во Мајами 105:102. Дион Вејтерс со 33 поени го предводеше Мајами до победата. На спротивната страна Кевин Дурент уфрли 27 поени, Клеј Томпсон 22, а Стеф Кари поен помалку.
Расел Вестбтук оставри уште еден „трипл дабл“, 22-ри во сезоната, вкупни 59-ти во кариерата. Рас во триумфот на Оклахома кај Јута 97:95 забележа 38 поени и по 10 скокови и асистенции.
На другите натпревари: Вашингтон победи во Шарлот 109:99, Лејекрси ја изненадија Атланата 115:105, Сан Антонио се прошета низ Бруклин 112:86, Њујорк славеше кај Индијана 109:103, а Милвоки го совлада Хјустон 127:114.