Интер ја победи Црвена Звезда со 4:0 во Милано во натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите.
Италијанскиот шампион поведе во 11. минута со одличниот гол на Хакан Чалханоглу.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Турската ѕвезда шутираше од слободен удар, а топката на патот до голот ја допре главата на играч на Звезда од живиот ѕид, по што заврши во мрежата.
Ова беше седми настап за Чалханоглу сезонава, а одличниот гол против Звезда беше втор. Гледајќи ја севкупната статистика на Интер, на кој му се приклучи од градскиот ривал Милан, тој одигра 142 натпревари и постигна 29 и асистираше на 24 гола.