Дома Фудбал Репрезентации ВИДЕО: Погледнете колку голот на Салах беше важен за навивачите на Египет

ВИДЕО: Погледнете колку голот на Салах беше важен за навивачите на Египет

Репрезентацијата на Египет вчера по прв пат по 1990. година се пласираше на Светското првенство. Египќаните до пласман дојдоја по победата над Конго со резултат 2:1, а херојот на Фараоните беше Мухамед Салах.

Салах беше стрелец на двата гола за својата репрезентација, а вториот, одлучувачкиот го постигна во 95. минута од белата точка. Крилниот напаѓач на Ливерпул рутински го совлада голманот на Конго, а на трибините следуваше неверојатна прослава.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меѓутоа, голот на Салах не беше емоциално прославен на трибините, така беше и ширум светот во домовите на навивачите на египетската репрезентација, кои натпреварот го следа преку малите екрани.

Реакцијата на еден навивач на Египет по победоносниот гол говори се, човекот едноставно не можеше „да дојде на себе“ од радост.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Распад-систем на Јунајтед на гости кај Сити (Видео)

Манчестер Сити извојува убедлив триумф во големото градско дерби, совладувајќи го Манчесте…