Босанскиот фудбалер од редовите на Арсенал, Сеад Колашинац може да биде среќен што натпреварот кој Арсенал го загуби против Брајтон го одигра до последниот судиски свиреж.
Арсенал одигра нов слаб натпревар, а во второто полувреме можеше да остане и со играч помалку.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Имено, Сеад Колашинац невнимателно стартуваше над Скелото кој по стартот на дефанзивецот на „топчиите“ остана неколку минути да лежи на тревата пред да застане на нозе и го напушти теренот.
На крајот не можеше да го продолжи натпреварот, а Колашинац за овој „рагби“ старт не заработи ниту жолт картон.