Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Видео: Перу промашуваше, Данска победи

Видео: Перу промашуваше, Данска победи

Репрезентацијата на Данска запиша големи три бода на стартот на Мундијалот откако успеа да го победи Перу со 1:0.

Перуанците беа подобар противник во текот на целиот меч и промашија многу изгледни шанси, а најголем трагичар беше Кристијан Куева кој промаши пенал во 45-та минута.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Судијата дури по прегледување на снимката со ВАР технологија покажа на белата точка по стартот врз Куева, но истиот играч шутираше над голот.

И во второто полувреме Перу беше подобар противник, но казната поради промашените шанси стигна во 59-та минута кога Полсен погоди за 1:0.

До крајот Перуанците со сите сили се обидоа да постигнат гол, создадоа неколку зрели шанси, но не успеаа да дојдат до израмнување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Страв од нова катастрофа на „Енфилд“, Тотенхем бара замена за Тудор од понеделникот

Игор Тудор врза сите порази на клупата на Тотенхем и изгледа дека би можел да добие отказ …