Дома Видео ВИДЕО: Пандев со два евроголови и обезбеди пласман на Џенова

ВИДЕО: Пандев со два евроголови и обезбеди пласман на Џенова

Горан Пандев конечно блесна во Џенова. На куп средбата против Перуџа, неговиот тим славеше дури во продолженијата со 4:3 (2:2 по 90 минути), а ѕвезда на вечерта сигурно беше нашиот најдобар фудбалер кој постигна два прилично ефектни голови.

Имено, Горан Пандев беше прецизен во 37 минута за 2:0 и во 100 минута тогаш за 3:2.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Инаку првиот гол беше дело на Симеоне, а Перуџа се врати и израмни на 2-2 со головите на Бјанки и Дроле, кои го однесоа натпреварот во продолжение. Таму освен Пандев, пласманот во осминафиналето го завери Нинковиќ, со гол во 116. минута. Гостите намалија во последните моменти од натпреварот за конечни 4-3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Деклан Рајс застана пред камера и призна каква трагедија доживеал: „Овој гол е за неа“ (Фото)

Арсенал ја продолжи својата одлична серија во Премиер лигата и вчера на гостувањето со 2:0…