Екипата на Манчестер Јунајтед најави фантастична сезона откако го совлада тимот на Вест Хем со убедливи 4:0 во првото коло од Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ на најдобар можен начин ја отворија сезоната пред своите гледачи, покрај убедливата победа, фановите на англискиот гигант можат да бидат задоволни и што Ромелу Лукаку на два пати се запиша во листата на стрелци.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Лукаку успеа да се запише во листата на стрелци веќе во првото полувреме кога во 33 минути ја искористи одличната асистенција на Рашфорд. Во вториот дел Вест Хем добро започна и имаше прилика да изедначи, но вече во 53 минута од натпреварот Јунајтед ја зголеми предноста. Микхатријан асистираше, а повторно стрелец беше Лукаку, до крајот на средбата за конечните 4:0 мрежата на Вест Хем ја погодија уште Мартијал и Пол Погба.
6u65u6 przez Football–Live