Дома Фудбал Италија ВИДЕО: Лукаку успеа во нешто што некој не може да го направи со години

ВИДЕО: Лукаку успеа во нешто што некој не може да го направи со години

Ромелу Лукаку одлично се прилагоди на новата средина.

Белгискиот напаѓач минатото лето од Манчестер Јунајтед се пресели во Интер и изгледа дека тоа беше полн погодок за него, но и за неговиот нов клуб. Лукаку вчера против Сасуоло во победата на Интер од 4:3 постигна два гола и во Серија А е на пет гола со што е најдобар стрелец на Интер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лукаку одлично се прилагоди на тактичките замисли од Конте, но и во комплетната нова средина. Успеа за само три месеци да го научи италијанскиот јазик, па така на италијански зборуваше по триумфот над Сасуоло.

Иако порасна во Белгија, а поголемиот дел од животот го помина во Англија, на Лукаку му беа потребни само три месеци за да го совлада и италијанскиот јазик, додека некои не можат да го направат тоа и по многу години живеење во странска земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Покетино бесен: ВАР штети на имиџот на англискиот фудбал!

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нару…