Дома Останати Тенис ВИДЕО Лудница во Белград. Ѓоковиќ заплака пред илјадниците српски навивачи

ВИДЕО Лудница во Белград. Ѓоковиќ заплака пред илјадниците српски навивачи

Во Белград беше организиран пречек на Новак Ѓоковиќ кој се врати во својата земја по победата на УС Опен и српските кошаркари кои го освоија второто место на Светското првенство.

Веројатно најдобриот тенисер во историјата беше особено емотивен и се расплака пред илјадниците српски навивачи.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Се тресам, не знам што да кажам, а има толку многу што сакам да кажам. Сакам да им честитам на нашите шампиони, кошаркари, за нивниот феноменален успех, не само оваа година, туку и сите овие години. Благодарам што ме прифатија како дел од нивната вечерна прослава. Ова е остварување на мојот детски сон“, рече Ѓоковиќ.

„Како мал, како и многумина од мојата генерација, бев во оваа толпа луѓе и славев големи медали од првенствата на нашите познати кошаркари, одбојкари, ватерполисти, сите луѓе кои фантастично ја претставуваа Србија. Ова нема цена.Ова никогаш повеќе нема да се повтори.Стојам покрај шампиони, но и големи луѓе со кои имам пријателски однос.

Сакам да завршам со овие зборови: Ниту една нација во светот нема дух каков што имаме ние. Да живее Србија“, низ солзи рече Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Урнебесна сцена на Вимблдон: Руската тенисерка не знаеше дека победи! (Видео)

Мира Андреева славеше победа на Вимблдон но, Русинката беше последна која го сфати тоа на …