Галатасарај на својот терен ја пречека екипата на Акишар и славеше победа со 4:2.
Сепак, натпреварот не почна најдобро за Галатасарај. Маикон во 17. минута интервенираше лошо и си постигна автогол за водство на гостите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Галатасарај после овој погодок се обидуваше да израмни, а голема помош им даде и судијата кој во 43. минута од натпреварот додели дискутабилен црвен картон за гостите.
Сепак, две минути подоцна, Акишар доаѓа до водство со 2:0 со погодокот на Адин кој фантастично го лобуваше голманот на Галата.
Домакинот на почетокот на второто полувреме го намали резултатот. Се играше 49. минута кога Фернандо постигна прекрасен погодок за 1:2, a само три минути подоцна Гомис погодува за израмнување.
Во 68. минута од натпреварот судијата повторно доделува дискутабилен црвен картон, но овојпат за домашниот фудбалерот, Гомис.
Но, Галата две минути подоцна стигнува до комплетен пресврт преку голот на Бехланда, кој рутински погоди по асистенцијата на Денајер.
Новите три бода за Галатасарај ги потврди Фегули со погодок во четвртата минута од судиското продолжение.