Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Левандовски и Толисо ги срушија богатите „светци“, реми на „Стенфорд Бриџ“!

Видео: Левандовски и Толисо ги срушија богатите „светци“, реми на „Стенфорд Бриџ“!

bayern

Вечерва се одиграа и последните натпревари во групната фаза во дел од групите.

Ситуацијата пред денешните натпревари беше таква што поголемиот дел од работите беа познати и пред почетокот на средбите, во врска со пласманот во следната фаза.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн Минхен го совлада ПСЖ со 3:1. Роберт Левандовски уште во осмата го отвори резултат. На нешто помалце од десетина минути до крајот на средбата Толисо го искористи одличниот центаршут на Родригез и зголеми на 2:0.

На стартот на вториот дел Килијан Мбапе по одличната асистенција од Кавани успеа да намали на 2:1. До крајот на средбата Толисо го постигна и вториот погодок за конечни 3:1.



Челзи и Атлетико Мадрид одиграа реми 1:1. Очекувано овие два тима одиграа натпревар со малку погодоци. „Јоргнаџиите“ беа тие кои први стигнаа до предност и тоа преку Саул Нигез во 56 минута од средбата. За изедначување се „погрижи“ Стефан Савиќ кој во 75 минута од средбата сопствената мрежа за конечни 1:1.


Во останатите натпревари Рома со 1:0 го совлада Карабах, Барселона со 2:0 славеше победа над Спортинг, Андерлехт минимално со 0:1 го совлада Селтик, Базел со победа од 2:0 се врати од гостувањето во Португалија против Бенфика, како и Јувентус против Олимпијкос додека Јунајтед со 2:1 ја совлада ЦСКА.

Пласман во следната фаза обезбедија: Манчестер Јунајтед, Базел, ПСЖ, Баерн Минхен, Рома, Челзи, Барселона и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…