Дома Фудбал Италија Видео: Лацио го нокаутира Јуве, Дибала промаши пенал во последната минута!

Видео: Лацио го нокаутира Јуве, Дибала промаши пенал во последната минута!

Лацио приреди големо изненадување во Серија А откако после подолго време успеа да го победи Јувентус среде Торино. Дибала промаши пенал во 97-та минута.

Првото полувреме и припадна на „старата дама“ која дојде до водство преку голот на Даглас Коста. Меѓутоа во второто полувреме на сцена стапи Имобиле. Напаѓачот најпрво донесе израмнување во 47-та минута, а неколку минути подоцна и комплетен пресврт од белата точка.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


На крајот се случуваше вистинска драма. Патрик стартуваше над Бернардески во шеснаесетникот, а судијата со употреба на ВАР досуди на белата точка во 96-та минута.

Трагичар за „бјанконерите“ беше Дибала кој не успеа да му донесе бод на својот тим, бидејќи неговиот удар го одбрани голманот Стракоша.

Ова беше прв пораз на Јувентус на својот стадион после цели две години и 41 натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Maгија на Шенѓун: Погледнете како го збесна Антетокумпо и поентираше (Видео)

Хјустон Рокетс извојуваа победа над Милвоки Бакс синоќа на гостински терен со резултат 122…