Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: „Кралевите“ расположени, Роналдо до нов рекорд, Ливерпул испушти 0:3!

Видео: „Кралевите“ расположени, Роналдо до нов рекорд, Ливерпул испушти 0:3!

Во терминот од 20:45 во рамките од петото коло во Лигата на шампионите се одиграа седум натпревари, а на некои од нив стрелците беа прилично расположени.

Реал Мадрид на гостински терен против АПОЕЛ забележа убедлива победа од 0:6. За првиот погодокот на „кралевите“ се чекаше до 23 минута кога Лука Модриќ со прекрасен волеј удар го скрши отпорот на домаќините. За нови погодоци во првиот дел беше предвиден финишот на полувремето. Карим Бензема погоди во 39 минута за 0:2, само две минути подоцна Начо стрелаше за 0:3, а за уште поубедлива предност на полувремето се погрижи Бензема кој го постигна својот втор погодокот во судиското продолжение од првиот дел.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во вториот дел се случи она што веројатно навивачите на Реал Мадрид најмногу го посакуваа на овој натпревар, освен победата. Гол на Кристиано Роналдо. Портгалецот ја затресе мрежата на Кипарците после четири минути игра во вториот дел. Со овој погодок Роналдо го собори својот рекорд за постигнати погодоци во Лигата на шампионите во една календарска година. Роналдо беше стрелец и на уште еден погодок со кој ги постави конечните 0:6, а тој стигна до бројката од 18 постигнати погодоци во една календарска година во Лигата на шампионите.






Борусија Дортмунд иако имаше предност на полувремето од 1:0 на крајот беше поразена со резултат 1:2 од одличниот Тотенхем. После неколку пропуштени шанси, „милионерите“ успеаа да стигнат до предност во 31 минута и тоа преку првата ѕвезда на тимот Пјер Емерик Обамејанг.  Тотенхем имаше игра, но сепак не успеа да стигне до погодок во првиот дел.

Она што на „петлите“ им недостасуваше на стартот од првиот дел го остварија во вториот. Хари Кејн во 49 минута погоди за израмнување. По овој погодок гостите од Лондон тргнаа по целосен пресврт, а тоа им успеа во 76 минута од средбата кога Сон Хеунг Мин погоди победа и конечни 1:2.



Исклучително интересен натпревар одиграа тимовите на Севиља и Ливерпул. Во овој натпревар видовме комплетно различни две полувремиња. Гостите од Англија беа тие кои доминираа на стартот. Фирмино уште во втората минута погоди за 1:0, Мане дваесетина минути подоцна зголеми на 2:0, а неколку моменти подоцна Фирмино го постигнува својот втор погодок на натпреварот за високи 0:3.

Во вториот дел поинаква слика на теренот. Предводник на одличната игра на Севиља беше Бен Једер кој постигна два погодоци, во 51 и 60 минута. И кога сите мислеа дека Ливрпул сепак ќе успее да се одбрани и да ги освои трите бода следуваше шок за Клоп и „црвените. Корнер за домаќините во третата минута од судиското продолжение, а најдобро во целата мешаница се снајде Пизаро кој погоди за израмнување и 3:3.






Во останатите натпревари Манчестер Сити запиша 1:0 против Фејенорд, Моанко со 1:4 го совлада Лајпциг додека Наполи со 3:0 славеше против Шахтјор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Заедно со Клоп, Ливерпул го напуштаат уште осум играчи?

Јирген Клоп ќе го води Ливерпул до крајот на сезоната, а потоа ќе го напушти клубот во кој…