Каква вечер за францускиот репрезентативец.
Фудбалерите на Атлетико Мадрид го совладаа Леганес на „Ванда Метрополитано“ со резултат 4:0 (2:0).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јорганџиите до водство стигнаа во 26 минута – одличен пас од Коке до Гризман кој го совлада голманот на гостите за 1:0. Само девет минути подоцна, слободен удар за Атлетико. Антоан Гризман со одличен гол носи предност од два разлика.
Франзузинот во вториот дел продолжи онаму каде што застана после првите 45 минути. Фелипе Луис центрираше од левата страна, а Гризман се најде на вистинското место за хет-трик и 3:0.
Гризман не застана тука. Диего Коста 11 минути подоцна испрати топка на десната страна, тука повторно беше кој друг ако не Французинот кој погоди за конечни 4:0.