Дома Фудбал Англија Видео: Жиру влезе и го ублажи срамот на Челси

Видео: Жиру влезе и го ублажи срамот на Челси

Во лондонското дерби Тотенхем со 3:1 го победи Челси во рамките на 13. коло од англиската Премиер лига.

Челси на тешкото гостување го доживеа првиот пораз во Премиер лигата, па сега Спарси се на третото место и имаат пет бодови помалку од водечкиот Сити, односно три од второпласираниот Ливерпул.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Водечкиот гол за Спарси го постигна Деле Али по асистенција на Ериксен, а токму Данецот асистираше и на Хари Кејн во 16. минута за 2:0.

Ако кај гостите постоеше некоја надеж да можат да го избегнат поразот, таа исчезна во 55 минута кога Сонг Мин погоди за 3:0.

Се што можеше да направи Челси е да постигне утешен гол, кој во 85. минута го постигна резервистот Жиру.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најскапото засилување на Ливерпул можно е да се соочи со долга пауза поради сериозна повреда

Ливерпул во саботата извојува значајна победа на гостински терен против Тотенхем со резулт…