Дома Фудбал Останато Видео: Еден од најдобрите дефанзици во историјата ја објасни основната разлика помеѓу Меси и Роналдо

Видео: Еден од најдобрите дефанзици во историјата ја објасни основната разлика помеѓу Меси и Роналдо

ferdinand

Расправата околу тоа дали е подобар Меси или Роналдо ќе трае вечно и тука нема дилеми и едниот и другиот имаат свои аргументи, но ние фудбалските фанови можеме да бидеме среќни што живееме во ерата на двајца такви генијалци.

Меси во вчерашниот натпревар буквално го уништи Челзи, постигна два погодоци и запиша една асистенција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Воодушевен од неговиот настап беше и Рио Фердинанд кој во студиото на „BT Sport“ беше снимен како ги слави неговите погодоци (погледнете тука), а еден од најдобрите дефанзивци после натпреварот ја објасни разликата помеѓу Меси и Роналдо.

„Роналдо изглегува на теренот и вели: „дајте ми ја топката во зоните во кои можат да постигнам гол“. Тој е роден стрелец, убиец. Него не го интересира ритамот на натпреварот, не се враќа назад, тој само сака да биде на вистинско место во вистински време. Од друга страна Меси ќе го видите на својата половина како освојува топки, одигра дупли пасови поигрувајќи се со противникот и чекајќи момент да го зададе завршниот удар. Тој го контролира ритамот на натпреварот и тоа е основата разлика помеѓу нив“, изјави Фердинанд кој со Роналдо играше во Манчестер Јунајтед, против Меси настапуваше во финалето од Лигата на шампионите во 2009 и 2011 година.

„На ниту еден од тие натпревари не му бев блиску. Елементот изненадување кај Меси е неверојатен. Го чуваш, тој ја прима топката, ти очекуваш да има еден допир, а тој со два, три целосно те исфрла од игра. Неверојатно. Во ситуациите во кои останатите фудбалери имаат малку заматен преглед на натпреварот, тој констатно игра во HD резолуција“, изјави Фердинанд.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…