И додека после борбата помеѓу Кабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор се зборува само за хаосот кој беше направен после борбата, после мечот на легендарниот Федор Емалиненко и Чаел Сонен главна тема е фер-плејот.
Емалиненко и Сонен се покажаа како големи спортисти кога се сретнаа после борбата. Се поздравија, а поразениот Сонен имаше и сили да се пошегува.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Зарем ти си лут на мене? Лут си на стариот Чаел? Бам! Беше толку брз“, изјави Сонен и го пофали тренерот на Федор.
Емалиненко кој на крајот на првата рунда го нокаутираше противникот, му ја даде маицата на Сонен кој му се заблагодари и откри дека ќе му ја даде на неговиот син.
So Cool! After tonight’s main event, Fedor gave Chael his #TeamFedor track suit! #Bellator208 pic.twitter.com/fTOlHWTPTG
— Bellator MMA (@BellatorMMA) October 14, 2018
Федор со победата против Сонен се избори за финале на Балатор турнирот во тешка категорија. Во завршната борба на 25 јануари ќе се бори со Рајан Бадер.
? #Bellator208 pic.twitter.com/zZ9pJcZhf8
— Bellator MMA (@BellatorMMA) October 14, 2018