По паузата за Ол-стар викендот синоќа продолжија возбудувањата во НБА лигата, каде победи забележаа водечките екипи Голден Стејт, Кливлен и Хјустон.
Голден Стејт славеше над Клиперси 123:113, го запишаа 48-от триумф во 57-от натпревар сезонава и влегоа во историските книги на НБА лигата бидејќи во третиот период постигнаа 50 поени. Последне тим кој успеа да дојде до вакво оставрување беа ЛА Лејкерс во 2014 година, кога на натпреварот со Њујорк во една четвртина постигнаа 51 поен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тим во лигата го предводеше Кевин Дурент со 25 поени, 15 скокови и 7 асистенции, додека најефикасен во тимот беше Стеф Кари со 35 поени.
Леброн Џејмс со трипл дабл го предводеше Кливленд до победата над Њујорк 119:104. Седуммина играчи на Кливленд постигнаа двоцифрен број на поени, а предводник беше Џејсм со 18 поени, 13 скокови и 15 асистенции, Кајри Ирвинг постигна 23 поени, а Кајл Корвер три поени помалку.
На другите натпревари Детроит со пресврт успеа да го совлада Шарлот 114.108, Портланд победи во Орландо 112:103, Сакраменто го совлада Денвер со 116:100 и Хјустон убедливо славеше против Њу Орлеанс 129:99.