Дома Фудбал Останато Видео: Бејл се врати со гол за Реал, тешка повреда на Асенсио

Видео: Бејл се врати со гол за Реал, тешка повреда на Асенсио

Реал Мадрид и Арсенал одиграа фантастичен натпревар на Интернационалниот Куп на шампиони. „Кралевите“ успеаа да ги стигнат два гола негатива и на крајот победија после изведувањето на пенали.

Натпреварот лошо започна за тимот од Мадрид. Начо веќе после девет минути игра мораше да го напушти теренот поради два жолти картони, а во 10-та минута Лаказет погоди од пенал за водство на Арсенал од 0-1.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Обамејанг во 24-та минута го постигна вториот погодок за Арсенал.Во финишот на првиот дел Сократис доби втор жолт и Арсенал остана без еден играч.

Ова Реал го искористи, па преку Бејл во 56-та и Асенсио во 59-та минута успеаа да дојдат до 2-2, но резултатот до крајот на регуларниот дел не се смени, па на пенали славеше Реал.

Лоша вест за Реал е што Асенсио во 65-та минута доживеа тешка повреда на коленото и се препоставува дека долго време ќе биде надвор од терените.

https://youtu.be/y8dRCqgDQb8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Зошто Вест Хем го отпушти Потер на така понижувачки начин?

Фудбалскиот клуб Вест Хем денеска реши да го ослободи од должност досегашниот тренер Греје…