Реал Мадрид загуби со 3:1 од градскиот ривал Атлетико во шестото коло од шпанскиот шампионат.
Алваро Мората постигна два гола, а Антоан Гризман постигна еден гол и со тоа Реал го претрпе првиот пораз сезонава. Тони Крос беше единствениот стрелец за тимот на тренерот Карло Анчелоти.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Младата ѕвезда на Реал, Џуд Белингем ги воодушеви навивачите на Атлетико. Англискиот играч за врска, кој летово пристигна од Борусија Дортмунд за 103 милиони евра, на патот кон соблекувалната наиде на грбот на Атлетико насликан на теренот.
Кога сфатил дека може да го прегази, нагло скршна и помина покрај него. Навивачите на социјалните мрежи истакнаа дека со тоа покажал почит кон Атлетико.
Meanwhile Bellingham being respectful and not stepping on the Atleti badge. What a character pic.twitter.com/XKlU5dlKOV https://t.co/cYIfrRhsDs
— Dr Yash (@YashRMFC) September 25, 2023