Дома Фудбал Видео: Барди и компанија ја нокаутираа Барселона

Видео: Барди и компанија ја нокаутираа Барселона

Барселона го доживеа третиот пораз сезоната, откако загуби на гостувањето кај Леванте со 3:1.

Барселона одлично го започна мечот и ја контролираше играта, а пред крајот на полувремето Меси донесе водство за Каталонците од белата точка.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во вториот дел се случи „чудо“, па домаќините со три гола дојдоа до пресврт и направија вистински подвиг.

Леванте израмни во 61-та минута преку Кампања, а само две минути подоцна поведе со голот на Мајорал. Барселона никако не успеа да се опорави од шокот, а конечните 3:1 ги постави Радоја.

Барди беше стартер и на теренот помина шеесетина минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Снимка од жестоката тепачка во српскиот фудбал – еден од учесниците нокаутиран, претепана и жена (Видео)

Српскиот фудбал вчера беше една од главните теми во регионот, за жал, ќе се запомни по лош…