Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Балотели пушел цигара пред дербито против Јувентус

ВИДЕО: Балотели пушел цигара пред дербито против Јувентус

Фудбалерите на Бреша беа поразени во вторникот на свој терен од Јувентус со 2:1 во рамките на петтото коло од италијанската Серија А.

Бреша имаше водство од 1:0 со голот на Донарума, но гостите успеаа да дојдат до пресврт. За 1:1 постигнаа автогол, додке победата на „Старата дама“ им ја донесе Пјаниќ со одличен гол. На овој натпревар во дресот на Бреша дебитираше Балотели кој летово пристигна како слободен играч. На Балотели му требаше време да се врати во форма и го чекаше деби натпреварот против Јуве на кој и баш не се прослави.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Но, Супер Марио докажа дека не се променил, а дури и пред дебито за новиот клуб успеа да направи скандал. Имено, на интернет се појави видео во кое се гледа како Балотели пуши цигара во соблекувалната неколку минути пред натпреварот со Јувентус. Видеото кое е објавено на Твитер експресно стана главна тема во италијанските медиуми. Балотели ветуваше дека се променил, но очигледно во тоа не успеал…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…