Во Реал Мадрид сериозно ја сфатија работата после вчерашната катастрофална сезона и клубот веќе доведе пет нови играчи за наредната сезона, ако го сметаме и Јапонецот Кубо кој би требало да се докажува во вториот тим тогаш се шест.
Реал ова лето е спремен да направи тим со кој повторно ќе го нападне врвот на Европа. Клубот веќе потроши повеќе од 300 милиони евра, но Зидан сака уште засилување, а неговата најголема желба засега е Пол Погба од Манчестер Јунајтед.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се уште не е невозомжно и Килијан Мбапе да пристигне, но веќе може да започнат претпоставките за тоа како ќе изгледа тимот на Реал наредната сезона.
Зидан наводно размислува за две варијанти, а првата во 4-3-3 формација би изгледала вака:
Куртоа – Карвахал/Одриозола, Варана, Рамос, Марсело – Модриќ, Погба, Крос – Винисус, Бензема/Јовиќ, Азар.
Втората би била 4-2-3-1:
Куртоа – Карвахал/Одриозола, Варана, Рамос, Марселона – Погба, Крос – Винисус/Асенсио, Модриќ, Азар, Бензема/Јовиќ.
Медиумите претпоставуваат дека Лука Јовиќ за кого Реал плати 60 милиони евра на стартот од сезоната сепак ќе биде резерва на Бензема, но не се исклучува можност и Србинот да го превеземе местото на францускиот напаѓач. Флориан Менди од Лион би требало да биде алтернатива на Марсело.
Како и да е Реал создава навистина силен тим, а за тоа дали овие играчи ќе ги оправадаат очекувањата ќе почекаме да видиме кога сезоната ќе започне.