Аргентинецот најави дека би можел да ја напушти Барселона и пред истекот на договорот.
Фудбалерот на Барселона, Хавиер Маскерано изјави дека на неговото време во Барселона полека доаѓа кон својот крај.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Мислам дека мојата кариера во Барселона наскоро завршува. Имам чуство дека немам повеќе што да пружам за клубот. Овде поминав преубави години и тоа нема да го заборавам“, изјави Аргентинецот за „ЕСПН“.
Договорот на Маскерано со Барселона истекува на 30 јуни 2019 година, но се поизвесно е дека ќе ја напушти Барселона една година порано.
Маскерано во Барселона пристигна во последните денови од преодниот рок во 2010 година од Ливерпул, а во дресот на каталонскиот гигант освои 17 трофеи, вклучувајќи две во Лигата на шампионите и четири во Примера.
Оваа сезона 33 годишниот Аргентинец настапи на 10 натпревари.