Дома Фудбал Останато Ветено, исполнето: Ањели трансферот на Роналдо го најавил во 2012 година!

Ветено, исполнето: Ањели трансферот на Роналдо го најавил во 2012 година!

Јувентус вчера го официјализираше трансферот на Кристиано Роналдо и така го реализираше еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот.

Роналдо од редовите на Реал Мадрид премина во Јувентус за сума од 100 милиони евра (исплатена на две рати). Секако сите фудбалски фанови беа изненадени од мега трансферот кој ја потресе Европа, но набрзо потоа се појави и изјава на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели дадена во јули 2012 година.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во тоа време Јувентус ја започнуваше својата доминација во Италија, а Ањели повика на трпение помеѓу навивачите.

„Треба трпение, за пет години Јувентус ќе може да купи играч каков што е Кристиано Роналдо“, гласеше изјавата на првиот човек на „старата дама“.

Денес оваа изјава на Ањели изгледа како вистинско предвидување, но и е доказ дека во Јувентус се работи со планови за долг период.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул не ја промени одлуката околу Дарвин, Рамадани го држи клучот за трансфер?

Дарвин Нуњез не е во плановите на Арне Слот и неговата следна дестинација извесно е –…